logo
logo
logo

Осуденик од Идризово и 18 девојки од странство затекнати во локал во Тетово

Vecer | 27.02.2021

Осуденик од Идризово и 18 девојки од странство затекнати во локал во Тетово


Сопственик на локал во Тетово, осуденик од Идризово и 18 странски државјанки се приведени при контрола на полицијата.

Полицијата притигнала во угостителскиот објект на патот кон селото Сараќино, вчера околу 1 часот по полноќ, по пријава дека локалот работи над дозволеното време, што е спротивно на Одлуката на Владата за спречување на пандемијата.

„При контролата било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати 7 гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој“, наведуваат од полицијата.

Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk