Останати се помалку од 5.000 вакцини, кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се врши ревакцинација, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што најави, оваа недела треба да пристигнат 70 илјади вакцини – 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на „Астра зенека“. Останува, редовно, секој понеделник, да пристигнуваат вакцини на „Фајзер“ и се очекува да стигне голема количина вакцини за кои сѐ уште нема точен датум, а биле најавени за почетокот на јуни.
Во однос за влез во Грција, министерот нагласи дека доволни се хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите.
Филипче апелира граѓаните да останат внимателни и покрај стивнувањето на епидемијата.
makfax.com.mk