logo
logo
logo

Османи за првпат седна на масата на НАТО, на состанок со министрите од другите земји-членки

Vecer | 23.03.2021

Османи за првпат седна на масата на НАТО, на состанок со министрите од другите земји-членки

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пристигна во седиштето на НАТО каде започнува дводневниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за надворешни работи, кои првпат по 2019 година ќе се сретнат лице в лице.

На овој состанок, по првпат со физичко присуство, ќе учествува и македонски министер за надворешни работи, кој ја претставува земјата како полноправна членка на алијансата.

При самиот влез Османи испрати пораки за значењето и очекувањата од претстојниот министерски состанок.

„Историски момент и за мене, и за Република Северна Македонија, за првпат физички на масата на министерскиот состанок во пресрет на нашата прва годишнина од полноправното членство во алијансата“, истакна Османи.

„Стоиме на ниво на задачата со нашето членство во Сојузот, придонесувајќи кон стабилноста на регионот, ширејќи ги НАТО-вредностите, активно придонесувајќи за надминување на современите предизвици на алијансата“, посочи Османи пред стартот на дводневниот министерски совет.

Најавено е дека шефовите на дипломатиите треба да разговараат за низа предлози за реформа на воениот блок.

Новиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, исто така првпат ќе присуствува на состанокот на министри на НАТО, а неговата посета на Европа може да помогне во обновувањето на трансатлантските односи, кои беа затегнати во времето на претходната администрација на САД.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk