logo
logo
logo

Османи: Посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан

Vecer | 24.03.2021

Османи: Посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на почетокот на вториот ден од Северно – Атлантскиот Совет на НАТО со очекување за засиленото партнерство меѓу НАТО и на ЕУ и улогата на земјите од Западниот Балкан во овој сојуз.

„ Имавме продуктивни состаноци вчера. Денес ќе имаме дискусии со нашите партнери, вклучувајќи ја и ЕУ. Да ја истакнам потребата од посилна стратешка соработка помеѓу НАТО и ЕУ, а особено во Западен Балкан, како регион со значајно стратешко значење за обете организации“, истакна Османи пред почетокот на втората сесија на Министерскиот состанок на НАТО.

Османи исто така посочи дека слично на НАТО, перспективата за интеграција во ЕУ може да ги зајакне стабилноста и безбедноста на регионот.

„ Не треба да дозволиме каква било амбивалентност да резултира во дивергенција што, исто така, може да се користи од надворешни актери; придржувањето кон ЕУ на Западен Балкан е од особено значење“, нагласи Османи.

Денес на Агендата на Османи, покрај сесиите во рамките на Министерскиот совет се и посебни средби со Министрите за надворешни работи на Португалија, сегашниот претседавач со Европската Унија Аугусто Сантос Силва, како и со Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Олави Хаависто.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk