logo
logo
logo

Османи ги откри ТРИТЕ ФАКТОРИ ЗА ДЕБЛОКАДА на Македонија од Бугарија

Vecer | 01.06.2021

Османи ги откри ТРИТЕ ФАКТОРИ ЗА ДЕБЛОКАДА на Македонија од Бугарија

Кои се трите фактори кои диктираат дали Бугарија ќе ја тргне блокадата за Македонија овој месец за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека тоа се колку има политички мандат во Бугарија да се донесе оваа одлука пред изборите, каде ќе биде Патоказот и која би била содржината на Патоказот

Османи вели дека Бугарија бара Патоказот да биде дел од формалниот преговарачки процес на Македонија, но вели дека на тоа се противат други земји членки на ЕУ, бидејќи евентуален преседан во македонскиот случај би можел да биде вовед во слични ситуации во иднина, во регион полн со билатерални спорови.

За „360 степени“ Османи посочи дека  за заедничката посета на претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев на Рим, е важен исчекор во создавање доверба и во нормализација на комуникацијата меѓу двете страни која, како што вели, очигледно беше влошена во изминатиот период. Таа средба, смета тој, имала симболика, но и суштина „зашто можеше отворено да се зборува за сите прашања и начини за надминување на блокадата“.

Според Османи  единствено претседателот на Бугарија има целосен политички мандат, сите други институции имаат технички мандат поврзан со организирањето избори.

- Сепак, јас често велам дека техничката влада не е државна изборна комисија и може да донесе одлука за отворање на преговори, меѓутоа тука многу важен е претседателот Радев и оттука таа комуникација остварена во Рим беше многу важна и таа продолжува на сите нивоа – имаше комуникација меѓу премиерите, разменувавме одредени документи со министерот за надворешни работи, очекуваме наредните денови средба на премиерите и на министри и тука евентуално да се договори една динамика за искористување на овие 20 дена за да се најде решение, вели Османи во интервјуто.

На прашањето каква динамика се очекува – доаѓање до некаков документ за да се оствари пробив, шефот на дипломатијата одговара дека досега единствен е португалскиот предлог кој, вели „ние го оценивме како добра основа која ги адресира сензитивностите на сите три страни – нашата, на бугарската и на земјите членки на ЕУ кои имаат важен влог во овој процес, при што централен е патоказот кој треба да даде една предвидлвивост во спроведувањето на Договорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk