logo
logo
logo

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА за актерката Силвија Стојановска

Vecer | 07.09.2022

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА за актерката Силвија Стојановска

Ослободителна пресуда доби актерката Силвија Стојановска, откако беше обвинета за шверц на кокаин.

-Обвинетата Силвија Стојановска, се ослободува од обвинение. Обвинителот не докажа дека сторила кривично дело, надвор од разумно сомневање. Мерките на претпазливост остануваат до правосилност на пресудата, кажа судијата Огнен Ставрев кој посочи дека пресудата не е правосилна.

Актерката во момент на возбуда го праша судијата: „Скроз сум ослободена?“, Ставрев одговори: „Па трипати Ви кажувам. Согласно челнот 403“.

Претходно Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор поради делото кое и се става на товар шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk