logo
logo
logo

ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ ОД „MyWorld“ екс Лајонес СИ БАРААТ ПАРИ НАЗАД: „Луѓе земаа кредит, изгубија куќи и станови“ (ВИДЕО)

Vecer | 31.03.2023

ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ ОД „MyWorld“ екс Лајонес СИ БАРААТ ПАРИ НАЗАД: „Луѓе земаа кредит, изгубија куќи и станови“ (ВИДЕО)

Граѓани се чувствуваат измамено како жртви на шемата на ,,My World” која порано го носела името на Лајонес. Некои од нив „загубиле“ цели фамилии, други заглавивле финансиски и тоа е само дел од проблемите со кои се соочуваат. Граѓаните имаат намера судски да си ги бараат парите, но некои со страв пред камерите сведочат за голготата и немаат доверба во институциите.

За емисијата „25 минути“ тие велат дека институциите се во корист на одбрана ваквите шеми.

Тие во емисијата сведочат дека чувствуваат страв за нивната фамилија, а некои од нив сведочат и за изгубени станови и куќи под хипотеки кои не може да ги вратат во оваа пирамидална измама.

„Мојхата приказна започнува уште во 2017 кога беше уште Лајонес. Роднина ме сретна и рече дека има добар бизнис да заработам пари, а тогаш бев без работа и реков ајде да пробам“ сведочи еден граѓанин.

Тој додава дека имал доверба, бизнисот изгледал интересен, и се ќе му било објаснето по семинари.

Вели дека на тие семинари имало разни приказни како би се добил бенефит, ако вложат пари ќе добијат поголема сума на пари.

„Тоа беше објаснето во завиена форма, нивните правила се менуваа со тек на времето“, вели тој.

Како што вели за вложени околу 12.000 евра првата исплата му била 700 евра, додава дека луѓе земале кредити, а ден денес не можат да ги вратат, куќите им се одземени.

Граѓани сега си ги бараат парите назад во граѓанска постапка, која првостепениот суд ја одбил, а сега се на второстепена постапка за да се вратат парите.

 

https://youtu.be/Cxo5vpbKbAM

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk