logo
logo
logo

Ора Њуз: Функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ ВМЕШАНИ ВО ШВЕРЦ НА ДРОГА, Трајче Заев добил аудиоснимка

Vecer | 09.01.2023

Ора Њуз: Функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ ВМЕШАНИ ВО ШВЕРЦ НА ДРОГА, Трајче Заев добил аудиоснимка

Високи македонски функционери на коалицијата СДСМ и ДУИ, како и припадници на МВР биле вмешани во шверц со наркотоци, објави албанската телевизија „ОРА ЊУЗ“, според која за тоа постајат и аудио снимки за кои знаел и Трајче Заев, братучедот на екс премиерот Зоран Заев.

Според „Ора Њуз“ станува збор, лице познато за редакцијата, кое засега е анонимно и очекува заштита од надлежните, истото поседувало неколку снимени разговори од високи функционери на високи позиции во Македонија.

Според истото лице кое ги поседува аудиоснимките поврзани со шверц на наркотици, првично комуницирал со Трајче Заев, притоа информирајќи го за ситуацијата.

Од друга страна откако Заев ја слушнал снимката му одговорил со кодирана порака на човекот кој што ги поседува аудиоснимките, објавува „Ора Њуз“.

„Мислам дека би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“.

Според информациите кои ги поседува телевизијата, во аудиоснимките во шверцот со наркотици вмешани се високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а истовремено и познати имиња од МВР.

Како што информираат од истата ТВ, наводно постојат прислушкувани разговори, кои докажувале дека високи функционери дирекно интервенирале за да ја спречат операцијата превземена од странските агенции.

https://youtu.be/H0K7Xnh0Nuc

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk