logo
logo
logo

Мицкоски најави три водоснабдителни системи за 80.000 домаќинства – ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 80 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 03.01.2026

Мицкоски најави три водоснабдителни системи за 80.000 домаќинства – ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 80 МИЛИОНИ ЕВРА

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Карбинци најави дека оваа година ќе се инвестира во три водоснабдителни системи, односно станува збор за проектите Страиште, Пепелиште и Лисиче.

Инвестицијата е околу 80 милиони евра, а е наменета за 80.000 домаќинства. Во одговорот на новинарско прашање премиерот Мицкоски наведува дека станува збор за проект финансиран од германската КФ банка. Посочи и дека оваа инвестиција била заглавена, бидејќи, како што рече, претходната влада сакала да наметне свое кадровско решение.

-Откако беше заглавено, затоа што претходната влада сакала да наметне кадровско решение кое ќе ја води таа институција, па било сопрено финансирањето, бидејќи тоа кадровско решение било некомпетентно, оваа година отпочнуваме со реализација на три вакви водоснабдителни системи, рече Мицкоски.

Тој истакна дека трите проекти се за водоснабдување и за земјоделските површини, но и за други типови на техничка употреба на оваа вода. Забележа дека овој проект бил заглавен со години, а граѓаните плаќале камати за тоа.

– Штета што е таков законот, каков што е. Штета што го избришаа Кривичниот законик. Инаку ова е директно на штета на граѓаните и се платени стотици илјади евра за камата. Зошто? Затоа што некој имал фрустрација дека неговиот предлог за кадровско решение не бил поставен на чело на таа институција и затоа не ја активирал таа институција, но каматите си течеле и граѓаните ги плаќале тие камати и ќе мора да се изнајде начин како да се повикат на одговорност овие луѓе, коишто одлучувале поради својата фрустрација да ги трошат народните пари безмилосно, порача Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk