logo
logo
logo

Општина Кисела Водa во првите три скопски најтранспарентни општини

Vecer | 20.08.2022

Општина Кисела Водa во првите три скопски најтранспарентни општини

Пораст од 26,4 % во транспарентноста во однос на претходната година е регистриран кај Општина Кисела Вода. Истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации кое го одредува индексот на активна транспарентност на институциите, оваа година ја рангира Кисела Вода во највисоката категорија, т.е. многу добра со 85.5% од степенот на исполнетост на обврските. Објавувањето на информации на сопствена иницијатива, почитувањето на законскиот рок за доставување на одговори, обезбедувањето на пристап до законски предвидените информации за надлежноста, услугите и за тековните проекти, буџетската и финансиска транспарентност, редовното ажурирање на општинската веб страница, се само дел од критериумите на истражувањето кое ја позиционираше Општина Кисела Вода во првите три скопски најтранспарентни општини. Целосната транспарентност, отчетност и одговорност на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општинската администрација се насоката по која Кисела Вода ќе се движи и во периодот што следува. Првите резултати се видливи, статистички мерливи, а најголемиот бенефит веќе го чувтвуваат граѓаните, за кои, за разлика од порано, вратите на општината се секогаш отворени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk