logo
logo
logo

ДАЛИ Е ПАМЕТНО ВИКЕНДОВ ЗА ВЕЛИГДЕН ДА ТРГНЕТЕ ЗА ГРЦИЈА? Ќе ви требаат дебели живци

Vecer | 07.04.2026

ДАЛИ Е ПАМЕТНО ВИКЕНДОВ ЗА ВЕЛИГДЕН ДА ТРГНЕТЕ ЗА ГРЦИЈА? Ќе ви требаат дебели живци

Десетина иљади Македонци патуваат за Велигден во Грција, но заради сите промени во начинот на влез во ЕУ за кои Грција се уште тренира, работа на сообраќајниците околу Солун и дополнето со традиционалните гужви на граница и по патот планот за Велигден во Грција може да го платите со потрошени нерви.

Едни тврдат дека чекале два часа на влез и излез, а други дека поминале за 5 минути. Какви се сведоштвата на граѓаните од Рeгионот кои минатиот викенд биле во Грција?

Пред нас е празникот Велигден – додека едни планираат да останат дома и празникот да го поминат со најблиските, други веќе ги пакуваат куферите за слободните денови да ги поминат покрај море.

Но, воведувањето на новиот европски систем за влез, излез и патни одобренија ЕЕС, како што сведочат дел од граѓаните што минатиот викенд беа во Грција, во одредени делови од денот може да предизвика огромни гужви и да го одолговлече чекањето на граничните премини.

Така, една жена која планира најверојатно во следните денови да се упати кон Грција, на Фејсбук групата Grčka Info, постави прашање каква е состојбата на граничниот премин Евзони и колку време се чека за влез во Грција од Македонија.

Во одговорите, сведоштвата се најразлични. Едни тврдат дека состојбата е хаотична, односно со скенирањето на влез и на излез од земјата според новите правила се создаваат огромни колони со автомобили, други тврдат дека поминале само за 5 минути.

„Денес поминавме, чекавме 5 минути, скенирањето оди многу брзо, буквално по 30 секунди од човек“ – стои во еден од коментарите.

Инаку, на истата група е објавено и едно видео, направено во саботата (04.04) на кое се гледаат огромни колони возила, кои чекале и по два часа на граничниот премин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk