С.Ф. (62) од Скопје пријавил в полиција ноќеска дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар било опожарено неговото патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки.
Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Опожарен автомобил на паркинг кај Бит Пазар appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата