logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Онишченко добива македонско државјанство кога Ковачевски е веќе 5 месеци премиер“

Vecer | 25.11.2022

„Онишченко добива македонско државјанство кога Ковачевски е веќе 5 месеци премиер“

Во време на Ковачевски рускиот шпион и украински олигарх Онишченко добива македонско државјанство, одговорност и оставки мора да има. Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе 5 месеци премиер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираат дека  АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина.

- Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија. Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски, истакнуваат тие.

Во соопштението се додава дека Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција.

Како може Македонија да биде сигурна во лице кое овозможило криминалец како Онишченко, кој е на црна листа на САД да добие државјанство? Димовски може да работи за секого, само не за Македонија и нејзините стратешки интереси, затоа оставка од АНБ и политичка одговорност преку повлекување на одлуката за заминување на амбасадор во Франција, стои во соопштението.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk