logo
logo
logo

Околу 30 предмети порврзани со Мерко, РАЗРЕШНИЦА НИКАКВА

Vecer | 11.11.2023

Околу 30 предмети порврзани со Мерко, РАЗРЕШНИЦА НИКАКВА

Иако речиси половина година измина откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко беше ставен на црната листа на САД и беше изнесено потоа во јавност од страна на институциите дека пторив него има повеќе истраги, сепак се уште не гледаме никаква разрешница, ниту обвиненија и пресуди.

Предметите за него започнати во судот, практично, застаруваат поради измените на Кривичниот законик.

Специјално формираната комисија на Јавното обвинителство по извршениот вонреден надзор над работата на обвинителството во Струга во Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во јули објави дека бил извршен увид во 30-тина заведени предмети во кои е поврзан струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, но изгледа дека по четири изминати месеци никој нема да биде одговорен за неспроведувањето

„За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, рекоа тогаш од Обвинителството.

Веднаш по прогласувањето на Мерко за персона нон-грата од страна на Американскиот Стејт департмент, претставници на Судски совет беа во посета на Основниот суд во Струга за да проверат дали и какви пропусти се случувале. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Геoргиевски, сега за Алсат М открива дека не било најдено ништо спорно.

„Од овие извештаи немаше некои посебни забелешки во однос на влијанија и незански постапки од страна на судиите“,

„Видете, тоа се судии и ако самите судии не си пријават влијание, тоа е проблем за личноста како судија“, рекол Георгиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk