logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ си лаже - како ЗАЕВ?!

Vecer | 10.05.2025

ФИЛИПЧЕ си лаже - како ЗАЕВ?!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашниот подкаст изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но дека не ја добил поради тоа што има недвижнини или што инвестирал во Дубаи.

Кон крајот на април, лидерот на опозицијата, имаше друга изјава пред медиумите.

Да одиме по ред.

Венко Филипче синоќа рече дека визата ја добил откако бил во напреднати преговори за работа со болница во арапската земја, кои сега биле ставени во мирување поради неговиот избор за пратеник и потоат  за претседател на СДСМ.

„Пред периодот кога се кандидирав за претседател на СДСМ и претходно пратеник, бев во преговори со една болница од Дубаи, за работа таму и добро напредуваа преговорите, дури и завршија една форма на валидација на документите, меѓутоа тој процес сега практично е ставен на стендбај“, рече Филипче.

На прашањето зошто оваа приказна не била кажано порано, Филипче одговори дека мисли дека треба сите да се обидат нивото на политичка дискусија, дебата и култура да се промени.

Кон крајот на април, за ТВ Телма лидерот на опозицијата, имаше друга изјава пред медиумите.

„Немам виза која е поврзана со инвестиции, немам виза која е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки. Немам виза која е поврзана со милиони, авиони, камиони. Едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам“, одговори Филипче на прашање на Телма телевизија пред две недели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk