Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен предлог за случајот „Двојник“ против 11 лица за нелегалното издавање пасоши на странки државјани со злоупотреба на идентитет на македонски државјани кои досега не ваделе патни исправи од земјава.
Паралелно, истрагата ќе продолжи за вмешаност на други лица од МВР и издадени се наредби да се утврди хиерархиската поставеност и кој се имал пристап до злоупотребените податоци.
Од обвинетите 11 лица, десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, додека посредникот Раиф Мифтари, кој е во бегство, е обвинет за поттикнување.
Според ОЈО Скопје, пасошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин, за кој претходно, министерот Оливер Спасовски посочи дека станува збор за избеганиот ексначалник на Петата управа во УБК, Горан Грујевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата