logo
logo
logo

ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Ѓорчевска и Жежовски

Vecer | 10.12.2023

ОЈО Скопје апелира да не се шират непроверени информации за истрагата за Ѓорчевска и Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.

Малолетната Вања Ѓорчевска  и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27-ти односно 24-ти ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3-ти декември.

За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk