logo
logo
logo

ОЈО нареди истражна постапка за убиството во Богомила

Vecer | 24.01.2023

ОЈО нареди истражна постапка за убиството во Богомила

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за убиство на 62-годишниот жител на Богомила.

-Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал, велат од ОЈО Велес.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.​​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk