logo
logo
logo

ОХРИД во корона, ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЗАБОЛУВААТ ОД БРИТАНСКИОТ вирус

Vecer | 21.02.2021

ОХРИД во корона, ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЗАБОЛУВААТ ОД БРИТАНСКИОТ вирус

Во Охрид значително е зголемен бројот на новозаразени со корона вирусот, вели за Фактор епидемиологот, д-р. Јованка Стурлакова Коровешоска. Причината за ова, секако е присутноста на т.н. британски сој, мутацијата на Ковид-19, која што е многу полесно пренослива.

  • “Гледаме дека бројките секојдневно растат. И во споредба со претходниот период на пример, ако имаше некој заразен во едно семејство, се случуваше само еден, па дури и ниту еден од членовите да не се инфицира со болеста.
  • Сега ситуацијата е многу поинаква, еден ако заболи, сите во семејството се заразуваат. Станува збор за мутација која многу побрзо се шири, дури и најмал, и најкус контакт може да доведе до заразување“, посочува д-р. Коровешоска.

Како проблем поврторно го истакнува криењето на контактите од страна на оние кои веќе се регистрирани како новозаразени, иако како што вели, епидемиолозите ги прават сите напори за да дојдат до потребните информации за нивните контакти.

  • “Не можам да разберам како кажуваат дека немале контакт со домашните, со најблиските, сопругот, сопругата, децата. Можеби ќе ви звучи смешно, но имав ситуација кога една од пациентките велеше: немав контакт со никого, ниту со свекрвата, а само по една недела ете ја свркрвата доаѓа болна од ковид и со тешка склиничкја слика завршува во болница. Сакам да речам, дека не смее да се кријат контактите, некој многу побрзо ќе се излекува ако навреме е кажано, реагирано, и.т.н“ истакнува охридскиот епидемиолог Коровешоска.

Истовремено вели дека не е се уште вакцинирана, бидејќи предност имаат колегите од ковид-болницата, но се надева дека брзо ќе дојде и нејзиниот ред.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk