Огромна трагедија се случила ноќеска во Кочани откако се запали дискотека за време на настап на македонски музичари.
Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.
Се споменуваат голем број на жртви, над 20, се споменува 50, но точниот број засега не се знае.
Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи.
Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пренесе Телевизија Кочани.
Присутни биле 1.500 гости, претежно млади лица. Според информациите голем дел повредени се пренесени во Штип
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата