Арбер Адеми од ДУИ денеска пред полициската станица Карпош истакна дека во јавноста наместо одговорност, сме сведочеле на политички спинови и етнички манипулации.
„Уште во утринските часови кога стигаа информациите, почна да се прави спинот, кој стана наративот на Владата. Се развиваше теоријата дека зад несреќата стои Албанец од ДУИ, за потоа да објават фалсификувана лиценца. Наместо министерот за внатрешни работи, да ја преземе одговорноста што дозволил да работи кабарето, тој се обиде на бесрамен начин да ја префрли работата на етничка и партиска димензија“, вели Адеми.
ДУИ претходно изрази сочуство за семејствата на настраданите и повредените.
Извор+ Фото: принтскрин ТВ21
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата