logo
logo
logo

Ковачки

„Ограбена е полициска станица, власта се однесува како ништо да не се случило“

Vecer | 17.04.2022

„Ограбена е полициска станица, власта се однесува како ништо да не се случило“

Оливер Спасовски два дена молчи во врска со кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид. Ограбена е полициска станица, а власта се однесува како ништо да не се случило, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

-Според информациите кои ги објавија медиумите, но и според наши сознанија не се работи само за кражба на оружје и муниција за автоматско оружје, туку и за бомби и гранати, а за кои во МВР немаат точна евиденција, рече тој.

Според него МВР не знае што точно и во колкава количина е украдено.

- Објектот на магацинот се наоѓа во кругот на поранешната касарна Михајло Апостолски во Охрид, а сега е во сопственост на полицијата. Магацинот има обезбедување и е во круг на повеќе полициски објекти, а непосредно спроти истиот е канцеларијата на началникот на РЦ Запад. Оттука се влече заклучокот дека крадците или се поголема организирана група која е голема опасност за мирот на државата или се во договор со Оливер Спасовски, истакна тој.

https://youtu.be/x470hH8dX6Q

Ковачки додаде дека украдена е муниција доволна за вооружување на цела единица. Тоа не е оружје или муниција кое може да се користи во лов или за било какви рекреативни цели, туку станува збор за автоматско оружје, муниција, бомби и гранати кои се користат исклучиво за боеви дејствија.

- Кога полицијата и криминалците се едно, епилогот е кражба на оружје од полициски магацин и предизвикување на несигурност кај населението. Спасовски или е целосно неспособен да го обезбедува имотот на МВР или е во целосна коалиција со криминалот и ги прикрива извршителите. Ова се случило кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом. Недозволиво е Спасовски да молчи.  Полицијата под водство на Спасовски, одамна го изгуби кредибилитетот и авторитетот, изјави Ковачки.

Тој нагласи дека Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk