Со огномет, зурли и тапани симпатизерите на опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата „Вреди“ вечерва по 20 часот почнаа да слават пред партискиот штаб кој се наоѓа на плоштадот „Скендербер“ на влезот во Старата скопска чаршија.
Од снимките на<span> </span>360 степени<span> </span>се гледа и како група поддржувачи со тапани се движат од булеварот „Крсте Петков Мисирков“ на Бит-пазар кон плоштадот „Скендербег“, каде што им се придружуваат на другите поддржувачи.