logo
logo
logo

Одложено е рочиштето за убиствата на Вања и Панче

Vecer | 17.03.2025

Одложено е рочиштето за убиствата на Вања и Панче

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, закажана за денеска 17.03.2025 година, се отповикува, со оглед на тоа што еден од судиите поротници поради здравствени причини не може да присуствува на судењето.

Расправата, како што информираат од Кривичен, треба да продолжи на 19 март, но за евентуални промени, странките во постапката и медиумите ќе бидат благовремено известени.

Судењето требаше да продолжи со сослушување на обвинетите.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на извесна жена.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и на 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и на Велес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk