logo
logo
logo

Одложен вонредниот конгрес за промени во ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 18.03.2021

Одложен вонредниот конгрес за промени во ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ja информира јавноста дека донел одлука за одложување на конгресот закажан за 28 март во Скопје.

Како што велат од оборот, ваквата одлука е донесена заради влошената епидемиолошка состојба и доцнењето со техничките подготовки.

„Навремено ќе ги информираме делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се наведува во краткото соопштение во врска со одлагањето.

Иницијативниот одбор претходно побара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и избор на ново раководство преку вонредниот конгрес.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk