logo
logo
logo

Мицкоски до Заев:

Одговорност е да се штитат националните интереси, а не тоа што Заев спрема национално предавство, да каже за што преговарал?

Vecer | 04.06.2021

Одговорност е да се штитат националните интереси, а не тоа што Заев спрема национално предавство, да каже за што преговарал?

Зоран Заев денес вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите кои ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик, напиша на својот Фејсбук-профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Да, сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на БГНЕС е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара.

Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува.

И на крај, повикувам јавно Заев да каже што содржи документот кој се преговара од двоецот Заев-Бучковски и зошто тој се крие од јавноста?

Доста е! Се работи за Македонија!, пишува Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk