Едно физичко лице и фирма за одгледување канабис за медицински цели од Гевгелија добија кривична пријава од полицијата, затоа што не ги известиле комисиите за, како што вели мВР во билтенот, настанатите промени во одгледувањето.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.П.(43) од Р.Србија, со привремено престојувалиште во Гевгелија и правно лице од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела казниви по член 95-в став 2 во врска со став 1 и член 95-в став 1 од Законот за опојни дроги и психотропни супстанци. Имено, пријавениот В.П. на 15.02.2023 не постапил согласно член 29-г од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, така што не ги евидентирал и пријавил до Министерството за здравство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сите настанати промени и отстапувања во одгледувањето на канабисот, кои биле претходно планирани во елаборатот“, објави МВР.