logo
logo
logo

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Vecer | 03.05.2022

Од утре автобусите 100 и 200 ќе сообраќаат до Саемот на книга во СЦ „Борис Трајковски“

Во редовниот линиски превоз од утре до понеделник, 9 мај 2022, ќе бидат вклучени две привремени линии, 100 и 200, кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, и двете линии се воведуваат за полесен пристап на посетителите на манифестацијата „Саем на книга 2022“, што ќесе одржува во СЦ „Борис Трајковски“. Цените на автобуските билети се според официјалниот ценовник на ЈСП „Скопје“, а возниот ред е достапен на веб страната на претпријатието. Автобусот со број 100 ќе се движи од улицата „Февруарски поход“, булевар „Видео Смилевски – Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „Кузман Јосифовски – Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, Арена „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. Автобусот со број 200 ќе сообраќа по улицата „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk