logo
logo
logo

Од што се затруја студентите, АКО НЕМАЛО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ОД МЕНЗАТА НА ПЕЛАГОНИЈА?

Vecer | 11.01.2023

Од што се затруја студентите, АКО НЕМАЛО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ОД МЕНЗАТА НА ПЕЛАГОНИЈА?

На крајот на минатата година неколку студенти во студентскиот дом Пелагонија беа затруени со храна, а според директорот Агим Фејзулаху немало труење со храна во мензата на студентскиот дом .

Ова тој го изјави откако надлежните институции утврдиле дека немало бактерија во земените примероци. Сега останува нејасно од што се затруја студентите.

-Нема пронајдено ништо, односно нема бактерии кои што би довеле до последица од труење на студенти. Мензата е повторно отворена и ние почнавме со работа, рече Фејзулаху за Локално.

На  28-ми декември минатата година од „Студентски отпор“ објавија дека до нив пристигнала информација за труење од храна во домот, при што неколку студенти биле хоспитализирани.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршија вонредна инспекциска контрола во кујната, при што таа беше привремено затворена.

За лабораториско испитување, земени беа шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата.

Фејзулаху тогаш информираше дека 600 студенти користеле оброк во текот на денот и дека од нив само 6 пријавиле лоша состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk