logo
logo
logo

Судство без судија

ОД ПАРТИЈА - ШЕФ НА СУДИИТЕ: Судскиот совет под контрола на партиски функционер

Vecer | 28.04.2021

ОД ПАРТИЈА - ШЕФ НА СУДИИТЕ: Судскиот совет под контрола на партиски функционер

Избран е нов шеф на Судскиот совет со кој ќе претседава Павлина Црвенковска која, досега нема стаж на место судија, судија никогаш не била а ќе го води судскиот систем, туку зад неа стојат низа од партиски функции. На социјалните мрежи и во јавноста реакциите се речиси неподелени, коментарите се дека е ова само ново местење тврд партиски кадар во судскиот систем и бетонирање на партиската контрола врз судството. Нова Катица Јанева.

Павлина Црвенковска е избрана за член на Судскиот совет од Собранието во декември минатата година.

Од 2006 година до 2020 година работела како судски советник во Апелациниот суд Скопје. Претходно од 2004 година до 2006 година работела како Државен советник во Владата, а има работено и како Раководител на одделение во Министерството за одбрана. Од 1998 година до 2002 година работела како адвокат, а од 1996 година до 1998 година како Генерален секретар на Комора на приватен капитал на Република Македонија.

Досегашниот претседател на Судскиот совет Киро Здравев стапи на функцијата на 27 април 2019 година.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови, на предлог на Претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор

Од шеф на кабинет на Бучковски до делител на правда, не бива. Но, тоа сепак се случува. Павлина Црвенковска од партиски функционер на СДСМ стана претседател на Судски совет. Независноста на судската власт е обврска и не може партиски човек и тоа без судиско искуство да одлучува за работата на судиите.

Какви ќе бидат одлуките на Црвенковска партиски или независни?! Сега е сосема извесно дека ќе се засили притисокот врз судиите да судат затвори и вина за предметите на СЈО и таму каде што нема основ, и да се врши понатамошен прогон на луѓе од опозицијата или меѓу критичарите на власта.

Со Црвенковска на чело на Судски совет пак ќе гледаме како ЈО и судството работат под диктат на Заев и како нема ниту една постапка против него. Ќе гледаме како нема разрешници за Мафија 1 и 2, за Шик Јелак, за Еуростандард, за јавните набавки на Петре Шилегов - адвокатот на истиот Бучковски, За ФЗО и Ден Дончев, за учеството на судии и адвокати во обидот за милионски поткуп на Орце Камчев, за сите скандали и афери кои не се ни добројуваат.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk