Од Кабинетот на претседателот демантираат дека Роберт Тодороски од Прилеп, кој на социјалните мрежи му се закануваше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ добил благодарница од претседателот на државата Стево Пендаровски.
Во врска со наводите за издадена благодарница од претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, ве информираме дека таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот, се вели во демантот.
Во моментот чекаме одговори дали и какви мерки ќе се преземат против лицето за злоупотреба на името и институцијата Претседател, бидејќи лажна или не, таква плакета постои и „Типчето“ со неа се фали:

Утрово од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека ни по 24 часа СДСМ или Пендаровски не се оградија од лицето кое на социјалните мрежи се заканува по животот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и неговите деца.
Ниту МВР реагира на ваквите закани кои се израз на страв и немоќ на власта, ниту пак СДС ги осудува ваквите чинови кога во политиката се вмешуваат и малолетни деца, порачуваат оттаму.
https://vecer.mk/makedonija/pendarovski-da-ja-povleche-blagodarnicata-za-zakanuvachot-kon-mickoski/
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата