logo
logo
logo

Од денеска до 22 март полициски час во земјава од 22 до 05 часот

Vecer | 10.03.2021

Од денеска до 22 март полициски час во земјава од 22 до 05 часот


На предлог на Комисијата за заразни болести со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од Ковид-19.

Владата одлучи од денеска до 22 март да биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во
време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.

Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите, МИОА ќе им преиздаде нови. Во однос на издавањето дозволи поврзани со работата на економските оператори по 22 часот задолжени се самите фирми, како што било случај минатата година.

Отстапки од забраната ќе има за сите граѓани кои за време на забраната ќе имаат итна потреба од медицинска помош, и за слободно движење ќе треба да ја пријават својата потреба на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk