logo
logo
logo

Од 26 септември построги мерки за пешаците и возачите кои користат електронски уреди

Vecer | 20.09.2025

Од 26 септември построги мерки за пешаците и возачите кои користат електронски уреди

Стапуваат на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот. Законот е објавен во Службен весник и од 26 септември ќе почнат да се применуваат построги одредби за учесниците во сообраќај.

Особено внимание ќе биде посветено на користењето на електронски уреди при движење во сообраќајот. Така, преминување пешачки премин додека се употребува мобилен телефон ќе се казнува со 40 евра, а за возачите на тротинети, трактори, мотори кои и возат и користат електронски уреди казната е 50 евра.

Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди… со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека“, стои во член 116-а од Законот.

Од Нова година треба да стапи во употреба и системот „Безбеден град (Сејф сити)“, кој со видеонадзор ќе открива сообраќајни прекршоци. Сепак, за тоа е потребно да се усвои и Законот за прекршоци, кој сè уште не е разгледан во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk