logo
logo
logo

Обвинителството бара притвор за скопјанец кој бегал од полиција, преку прозорец фрлил пиштоли и муниција

Vecer | 05.04.2024

Обвинителството бара притвор за скопјанец кој бегал од полиција, преку прозорец фрлил пиштоли и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.

-Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција – 2 полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.

Кога полициски службеници на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител ја предложи притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk