logo
logo
logo

Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка

Vecer | 25.06.2021

Обвинителката Фетаи лесно повредена во сообраќајка

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е лесно повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу полноќ во скопската населба Топанско Поле.

Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“, по што била пуштена на домашно лекување.

-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска“ и ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат за МИА од МВР.

 Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk