logo
logo
logo

Обвинителка бара од јавноста да изнесе причини за следење на судски процес

Vecer | 03.07.2024

Обвинителка бара од јавноста да изнесе причини за следење на судски процес

На последното рочиште од судењето против Жан Митрев и неговата клиника за кривично дело „Измама” застапникот на обвинението Искра Хаџи Василева изјави дека сакала да знае од каде доаѓа и во кое својство едно од присутните лица, затоа што таа гуглала па дознала од која професија доаѓа, на што доби категоричен одговор од судијата дека не гледа законска основа зошто би барала причина за нечие присуство кога судењето е јавно и дури доби прашање зарем е забрането присуство на лица од одредена професија кога во судница може да присуствува секој полнолетен граѓанин.

„По овој ваш предлог јас не гледам причина да се утврдува зошто лицето е присутно” се обрати судијата кон обвинителот. На ова следеше и остра реакција од одбраната дека ваквиот настап на обвинителот има за цел заплашување на дел од јавноста и притисок со цел да се елиминира дел од јавноста.

Инаку и ова рочиште помина во знакот на целосна конфузија на застапникот на обвинението од кој судијата повеќе пати бараше прецизирање што точно предлага за натамошниот тек на постапката, на што се добиваше одговор како што судот смета дека е целисходно. Ни по натамошното барање на судот да даде конкретен предлог, обвинителството немаше одговор што предлага.

За познавачите на кривичната постапка сето ова е најдобар знак дека постапката во случајов е веќе пропадната, особено што обвинителството е странка која што со свои предлози за докази докажува основаност на обвинение. Но, во случајов во Жан Митрев токму од доказите на обвинението е очигледно дека случајот се води без основа и одамна обвинението требаше да биде повлечено.

Реприза имаше и расправијата на обвинителот со судот дека дел од доказите под точка 13 од Листата на докази на обвинителството обвинителот ниту ги повлекува ниту ги презентира, а упорно остануваше на повлекување на тројца од своите сведоци.

Можеби барањето на обвинителот да биде исклучен дел од јавноста, е заради одбегнување пред јавноста да се открие пропаднатото обвинение и упорното неосновано водење на постапката против Жан Митрев и неговата клиника.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk