logo
logo
logo

Платите во образованието се качија 12%, ДО КРАЈ НА МАНДАТОТ ОД 46% ДО 60%

Vecer | 14.04.2025

Платите во образованието се качија 12%, ДО КРАЈ НА МАНДАТОТ ОД 46% ДО 60%

СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да воспостави напреден воспитно-образовен систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 Образованието е еден од клучните столбови на државата и има клучна улога во обликувањето на поединецот.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ креира национална образовна стратегија креирана со општ консензус.

Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се грижи за сите вработени во образованието и ги покачи платите за 12 проценти.

Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.

Вработените во образованието ќе добијат од 46 до 60 проценти повисоки плати во еден мандат.

Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46% до 60 проценти поголеми примања во следните четири години ќе добијат вработените во основното и средно образование.

Октомвриската плата исплатена минатата година беше повисока за пет проценти, потоа со мартовската плата 2025-та, која беше исплатена во април 2025-та седум проценти дополнително зголемување, а од март 2026-та ќе има дополнително покачување меѓу 7,5 и 10 проценти во зависност од состојбата на буџетот, март 2027-ма повторно помеѓу 7,5 и 10 проценти и март 2028-ма помеѓу 10 и 12,5 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатно подобрување на образовната структура.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со активни политики работи на задржување на младите и реализирање на нивниот потенцијал во Македонија, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk