logo
logo
logo

ПЕТ ПАЦИЕНТИ СЕ ВРАЌААТ ОД СРБИЈА - Во странство уште 33 пациенти, во Македонија уште тројца

Vecer | 25.04.2025

ПЕТ ПАЦИЕНТИ СЕ ВРАЌААТ ОД СРБИЈА - Во странство уште 33 пациенти, во Македонија уште тројца

Министерството за здравство информира дека денеска уште пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување од Србија, по што согласно протоколот тројца пациенти ќе бидат под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, а еден пациент на сопствено барање лекувањето ќе го продолжи во приватната клиника „Жан Митрев”.

Во земјава во моментот се лекуваат вкупно тројца пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“ еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти.

Во текот на утрешниот ден е најавено враќање на еден пациент од Белгија, кој ќе биде под опсервација на Клиниката за пластична хирургија.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk