logo
logo
logo

Објавено ВИДЕО на кои се гледа движењето на возилата со кои е грабната Вања

Vecer | 07.12.2023

Објавено ВИДЕО  на кои се гледа движењето на возилата со кои е грабната Вања

-Во 07:55 двете возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат на улицата број еден во населба Визбегово. Во анализа на снимките, се гледа дека во возилото Цитроен каде што била Вања, освен шоферот има уште едно лице на совозачкото седиште, а двајцата носат црни капи. Во 09:37 возилото е запалено и чадот на снимката доаѓа од местото каде што е најдено возилото, анализира порталот.

Населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда каде што и е пронајдено телото на Вања.

Според институциите, Ѓорчевска на 27 ноември била киднапирана со возило „цитроен“, одземено од 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, убиен од истиот убиец.

Цело време со „цитроенот“ се движело возило „Рено кангу“. Отишле надвор од Скопје, го извршиле убиството, го закопале девојчето во скопско Бразда и го запалиле „цитроенот“.

Во продолжение, погледнете го видеото:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk