logo
logo
logo

ОБИЛЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР, најавуваат метеоролозите за денеска

Vecer | 01.04.2026

ОБИЛЕН ДОЖД И СИЛЕН ВЕТЕР, најавуваат метеоролозите за денеска

Времето денеска ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд и силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што се додава во соопштението, под влијание на циклонска активност се очекуваат врнежи што наместа ќе бидат пообилни.

Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.

„Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени“, велат од УХМР.

И во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер од северен правец.

„Минималната ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени“,

пишува во временската прогноза за денешниот ден.

Врнежливо и ветровито време ќе трае до крајот на неделата, по што следува период на стабилно и потопло време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk