logo
logo
logo

ОБИД ЗА УБИСТВО во Кочани: Прво се карале, па се пукале

Vecer | 28.04.2021

ОБИД ЗА УБИСТВО во Кочани: Прво се карале, па се пукале

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани вчера го лишиле од слобода А.Н.(25) од Скопје и против него до Основното јавно обвинителство Кочани е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот, завчера околу 15:30 часот во викенд куќа во с.Пантелеј, Кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со огнено оружје – пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н.

Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk