logo
logo
logo

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ЧАРШИЈА: Осомничен турски државјанин

Vecer | 25.06.2021

ОБИД ЗА УБИСТВО ВО ЧАРШИЈА: Осомничен турски државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – Убиство, при што на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, по претходна расправија и физичка пресметка, се обидел да лиши од живот едно лице.

Како што информираат од Обвинителството, осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент, како што стои во соопштението, осомничениот извадил пиштол и испукал три проектили кон оштетениот, нанесувајќи му огнено-стрелни повреди во десната потколеница.

Дополнуваат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното длео, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk