logo
logo
logo

ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ДЕЦА во Карбинци и тоа од училишен двор

Vecer | 05.12.2023

ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ДЕЦА во Карбинци и тоа од училишен двор

Обид за киднапирање иимало денеска во училишниот двор во ОУ „Страшо Пинџур“ Карбинци, штипско.

Според првичните информации, киднаперите дошле со возило „голф“ со скопски регистарски таблички и се обиделе насилно да внесат две деца во возилото. Биле спречени од други деца и од персоналот.

Настанот во телефонски разговор за тв Стар го потврди директорката на училиштето, Наталија Костова.

Таа кратко кажа дека едно од децата кои биле на мета на киднаперите било со македонска, а пак другото со турска националност. Истакна дека моментално полицијата е во училиштето и се работи на расчистување на случајот.

Од СВР Штип не одговорија на нашите телефонски повици, со цел да добиеме детали за настанот, а пак од МВР најавија информација за кратко време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk