Со децении јавноста им пресудува со константни порази на избори но, малку од тие пораки се разбрани во СДСМ кој, и понатаму, продолжува со “приватизација“ на државниот имотот и општеството.
Во цела Европа постојат реални невладини организации но, во Македонија концептот на невладини организации СДСМ го уништи со ставање под контрола на тие процеси преку странски пари и фондовои дополнувани и од буџетот кога СДСМ ја има власта и така созададе свои “невладини“ организации кои се активни само кога СДСМ е во опозиција.
Денес, за просечен Македонец, поимот “невладина“ организација е поврзан со грабањет странски пари за туѓи политички цели, со партиските планови на СДДСМ за рекет врз фирми за кои врвот ан СДСМ има интерс, за притисок врз обвинителство и судство божем од “граѓанскиот сектор“ за предмети од интерес за СДСМ и создавање скандали без покритие за другата политичка страна. Накусо, партсики активиости за валкани задачи.
Сега СДСМ е во финална фаза на ист начин да го уништи и “приватизира“ и синдикалното движење. Да го претрвори целосно во своја, партиска органзаиција.
Гледаме “синдикални“ протести кои бараат смена на влада а активистите на “синдикатот“ се до толку цврсто повразни што на “протестоите“ излегуваат и со партиски обележја и маици. И - толку е од “синдикатот“ на СДСМ.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одржуваат протест во Скопје, барајќи зголемување на платите на работниците.
Учесниците на протестот порачаа дека растот на трошоците за живот го прави сè потешко преживувањето за голем дел од работниците, поради што побараа итни мерки за зголемување на минималната плата.
Протестот се одвиваше пред институциите, а дел од присутните на протестот беа забележани и со маички со партиски симболи и обележја на СДСМ. Партијата сега ќе ги продолжи полоитилките на “синдикатот“ на прес конференции и во Собрание.
А доколку СДСМ смета дека барањата се реални ред би било да ги покачат платите до бараните износи во фирмите на Фамилијата Заеви и нивните соработници. Да покажат дека се може.
И така, по “невладините“ организации СДСМ во своја служба и ропство го стави и “синдикатот“. Останува уште да ја средат и сопствената партија што веќе две години им е дезориентирана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата