logo
logo
logo

Барал дневници, завршил со нож

НОЖ НАМЕСТО ПЛАТА - Работник ги нападнал газдите и им ја дупнал гумата поради неисплатени дневници

Vecer | 23.07.2026

НОЖ НАМЕСТО ПЛАТА - Работник ги нападнал газдите и им ја дупнал гумата поради неисплатени дневници

Нерасчистени сметки околу неисплатени дневници е причината поради која 30 - годишен маж се најде под истрага откако, според Обвинителството, со нож им се заканувал на сопствениците на фирмата каде што работел. Случајот се случил во Скопје, а Основното јавно обвилителство Скопје поведе постапка за „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“,

Настанот се случил на 21 јули попладне, кога сопружниците со автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево. Осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. Според ОЈО, тој агресивно замавнувал со ножот, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со него ја исекол левата задна гума на автомобилот.

Во обид да ја смири ситуацијата, оштетениот разговарал со осомничениот, додека неговата сопруга, исплашена, избегала и влегла во казино во близина, од каде што повикала полиција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и контакт со оштетените. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk