logo
logo
logo

Новите протоколи за свадби се нелогични, оценува Независната угостителска комора

Vecer | 03.06.2021

Новите протоколи за свадби се нелогични, оценува Независната угостителска комора

Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив се прави ограничување во вршењето на угостителската дејност односно им се дозволува работење само на определени угостителски објекти.

– Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РСМ. Во ниеден закон, уредба или правилник не постои ново создадениот термин – Ресторани за свадби со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби/прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти. Свадби/прослави и веселби меѓу кои спаѓаат и крштевки, родендени, веридби, матурски, дипломски, разни годишнини не се организирале ниту ќе се организираат само во овие т.н. Ресторани за свадби, туку се организирале и ќе се организираат во сите угостителски објекти, велат од НУК.

Според НУК, со новите протоколи е направена неправда и кон музичката индустрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk