logo
logo
logo

Мицкоски:

Новиот заеднички патриотизам ќе биде кога властите НЕМА да си играат со животите на луѓето и кога за грешките ќе има одговорност

Vecer | 21.10.2021

Новиот заеднички патриотизам ќе биде кога властите НЕМА да си играат со животите на луѓето и кога за грешките ќе има одговорност

Јас ви говорам за нов заеднички патриотизам каде рака за рака ќе ја создаваме нашата заедничката иднина. Без предрасуди и со заедничко почитување, порача Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со граѓаните во општина Радовиш.

Мицкоски потенцираше дека кога говори за нов заеднички патриотизам мисли на тоа колку повеќе економски ќе напреднува државата, како и дека новиот заеднички патриотизам ќе биде кога нема да си играат властите со животите на луѓето и кога ќе има одговорност за грешките.

- Ви говорам за нов заеднички патриотизам каде ривалството во политиката ќе биде за тоа колку економски повеќе ќе ја напреднеме државата и колку повеќе проблеми ќе решиме сите заедно. Новиот заеднички патриотизам ќе биде кога нема да си играат властите со животите на луѓето и кога за грешките кои ќе ги направат политичарите ќе има одговорност. Не смееме нашата иднина да бидат болници кои горат или болници кои прокиснуваат. Светот оди напред, а нас животот ни поминува во чекалница во која никој не покажува кој е патот, додаде Мицкоски и уште потенцираше: -

Патот кој треба да го минуваме е пат поплочен сo силни предизвици, но и со нашата мудрост и заедничка сила ќе го поминеме заедно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk