Во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра.
-Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата