logo
logo
logo

Николовски: Градоначалникот на Скопје ќе го изберат Албанците, а не мнозинството Македонци

Vecer | 02.07.2021

Николовски: Градоначалникот на Скопје ќе го изберат Албанците, а не мнозинството Македонци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на брифингот со новинарите изјави дека неговата партија е во водство пред ВМРО-ДПМНЕ со 21,7 проценти во споредба со 19 проценти за опозициската партија, според анкетата на јавното мислење изработена за потребите на социјалдемократите.

Според него, за градоначалник на Град Скопје договорено е СДСМ да ја добие поддршката од ДУИ и ДПА уште во првиот круг, а тука е и Беса како коалициски партнер.

„Како резултат на тоа, СДСМ за некои општини, од типот на Тетово, Гостивар, Струга и други општини со мешан етнички состав, својата евентуална поддршка на кандидатите од овие партии на Албанците ќе ја даде во вториот круг“, информира Николовски, додавајќи дека можно е СДСМ во Гостивар и во уште некоја општина да настапи и со кандидат за градоначалник Албанец.

Исто така на средбата со новинарите беше обелоденето дека организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, ќе биде заменик шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ за локалните избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk