logo
logo
logo

Николов: Министре Филипче, охрабрете се и ајде да дебатираме за здравството, за корона, за вакцини...

Vecer | 12.02.2021

Николов: Министре Филипче, охрабрете се и ајде да дебатираме за здравството, за корона, за вакцини...

Доктор Игор Николов преку неговиот фејсбук профил го повика министерот за Здравство Венко Филипче да се охрабри и да излезе со него на телевизиска дебата каде би дискутирале за проблемите во македонското здравство.

Охрабрете се. Со оваа порака претседателот на Комисјата за здарвство Игор Николов го повикува министерот за здравство, Венко Филипче на дебата за состојбата во здарвството со акцент на корона кризата.

„Перцепција е дека во здравството цветаат рози. Перцепција е дека добро се справуваме со кризата. Не ни се случи италијанско сценарио, но ни се случи транзиција и приватизација на здравството како да сме 1994 година кога се приватизираа компаниите.

Министре, Ве поканувам да размениме мислења и да продискутираме каде сме и до каде не доведовте, стои во неговата порака упатена до министерот Филипче.

Поканата за дебата од доктор Николов до доктор Филипче, актуелен министер за здравство доаѓа во период кога граѓаните не можат да дојдат до основна здрваствена услуга поради (не)организраноста на здравствениот систем која дојде до израз пред се во овој период на криза предизвикана од корона, кога граѓаните на Македонија се единствени кои не може да се вакцинираат затоа што можеби само кај нас нема вакцини.

Но, освен темите поврзани со корона кризата, во меѓувреме течеа или течат процедури за приватизација на здравството и се поставува прашањето зошто еден вид призватизација на службите, зошто не зајакнување прво на јавното здарвство, а потоа други планови.

Тука е и вечната тема за нов клинички центар и лекување на граѓаните во достоинствени услови и слично.

Досега сеуште нема одговор од министерот дали ќе прифати да се соочи со Николов на дебата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk